Над 400 килограми хероин запленети во Варна, дрогата ја донел брод од Дубаи

Од:

Бугарската царина на 7 февруари запленила 401,468 килограми хероин, објави денеска на Твитер главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев.

Хероинот бил откриен во Варна, во пратка со битумен што пристигнала од Дубаи. Дрогата била скриена во четири контејнери, а примател на практата била трговска фирма од Шумен.

Сопственикот на фирмата и еден цариник се приведени. Ако бидат осуден можат да добијат затворска казна од 10 до 15 години и ќе треба да платат казна од 50.000 до 100.000 евра.

Вредноста на запленетата дрога се проценува од 16 до 18 милиони евра. Се претпоставува дека хероинот не бил наменет за бугарскиот наркопазар. нк/