Македонија Ѓорче Петров вечерва (19 часот) го игра реванш натпреварот против ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. По првиот меч и двете екипи не обезбедија предност, а тренерот на „лавовите“, Муарем Бајрами, фаворитската улога ја препушта на бугарскиот тим.
„Тргнуваме од почеток и ЦСКА Софија е фаворит, со оглед дека ќе игра на домашен терен. Но, ние далеку од тоа дека лесно ќе се предадеме. Знаеме дека не очекува тежок натпревар, но ние сме подготвени за сите искушенија“, изјави Муарем Бајрами.
„Лавовите“ ќе се обидат со цврста игра во одбраната и противнапади да најдат одговор за составот на ЦСКА Софија, која важи за фаворит за пласман во следната рунда.
Извор: Топспорт