А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Исламистичка група убила 25 цивили во Демократска Република Конго

by А1он31/03/2021 - 21:3031/03/2021 - 21:10125
Share0

Дваесет и пет цивили ноќеска се убиени во напади на групата Сојузнички демократски сили (АДФ), во областа Бени на истокот од Демократска Република Конго.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Вооружените лица упаднаа во селото и убија 25 цивили во текот на ноќта, изјави гувернерот на Северен Киву, Карли Нзанзу Касивита, пренесоа француските медиуми.

„Армијата интервенира и уби двајца од напаѓачите“, додаде гувернерот на провинцијата во која се случи нападот.

Беу Манџама-Молисо, каде се убиени цивили, е мало шумско село на територијата на Бени, на границата со соседната територија Ируму, во провинцијата Итури.

Следете a1on на Youtube YouTube

САД неодамна АДФ ја ставија на црната листа на терористички организации поврзани со групата Исламска држава.

Оваа група е убедливо најжестока во пресметките меѓу 122-те групи кои се уште се активни на истокот на ДР Конго, во кризата што трае во последните 25 години.

Од почетокот на годината во нападите кои и се припишуваат на АФД убиени се речиси 200 лица, а десетици други се повредени, додека 40.000 лица се раселени во регионите Бени и Ируму, се наведува во неодамна објавениот извештај на Обединетите нации.

АДФ е составена од муслимански бунтовници од Уганда, кои од 1995 година се борат на истокот на Конго.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео