Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија повторно почна да исфрла лава и пепел, јавуваат италијанските медиуми.
Највисокиот вулкан во Европа на 3.357 метри е активен во изминатите десет дена, но нема повредени, а засега нема опасност за локалното население по ерупцијата во петокот.
Вулканолозите активноста на Етна во претходните денови ја објаснуваат како продолжение на т.н Стромболиски ерупции, експлозивни, но кратки ерупции именувани по вулканот на блискиот остров Стромболи, пренесува Juronnews.