Црна Гора протера руски дипломат

Од:

Министерството за надворешни работи на Црна Гора денеска прогласи неименуван дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за персона нон грата.

Во соопштението на црногорското Министерство за надворешни работи се наведува дека службена нота за оваа одлука со која е определен рок од 72 часа за напуштање на црногорската територија, денеска му била врачена на руски дипломат во Подгорица.

„Причина за ваквата одлука е оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на рускиот дипломат кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението на МНР на Црна Гора.

Според црногорското МНР, името и функцијата на дипломатот нема да бидат објавени, што е во согласност со дипломатската практика.