„Скопско Астрономско Друштво“ од утре, 12 март, го организира редовниот Воведен курс по астрономија. Курсот се одржува по 22 пат во 20-годишното постоење на друштвото.
Вкупно 35 фотографии од Месечината, Сонцето, планетите, небули и ѕвездени јата содржи изложбата што ќе биде отворена вечер во Домот на АРМ по повод јубилејот
За да го одбележи јубилејот – 20 години постоење, Скопското астрономско друштво најавува изложба на астрофотографии насловена „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво“.