Македонската скијачка Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на Зимските олимписки игри 2026.
Атанасовска на патеката на денешната трка мина само триесетина секунди и не успеа да се избори за втората трка.
Во првото мерење таа имаше заостанување од 1,45 секунди зад водечката скијачка, на втората контролна станица негативата изнесуваше 2,97, а потоа се откажа.
Следен настап на Атанасовска на Олимпијадата во Италија ќе биде слаломот закажан за 18 февруари.
Водечка по првата велеслаломска трка е Италијанката Федерика Брињоне.
Почетокот на втората трка е закажан за 13:30 часот.
