Македонскиот ракометен првак Вардар денеска ги пушти во продажба билетите за следниот натпревар од Лигата на шампионите против Савехоф.
– Ги известуваме сите ракометни фанови, кои сакаат да го бодрат Вардар на натпреварот против Савехоф во ЕХФ Лигата на шампионите дека од денеска билетите се пуштени во продажба, информираат од таборот на „црвено-црните“.
Натпреварот меѓу ЖРК Вардар и Савехоф ќе биде трет од главната фаза во ЛШ и ќе се игра на 6 февруари со почеток во 17 часот и 30 минути.
Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, од 10 до 18 часот и онлајн на ticketplus.mk.
Цените на билетите се движат од 180 денари за трибини, 400 за ВИП зони, до 1.000 денари за ВИП соби.