Кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода ќе се натпреваруваат во регионалната Јадранска лига WABA, У 17.
„ЖКК Бадел 1862, по пауза од една година, повторно се пријави за натпреварување во регионалната женска кошаркарска лига WABA, за девојчиња со возраст до 17 години“, рече Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК „Бадел 1862“.
„Претстојната натпреварувачка сезона во оваа возрасна категорија ќе земат учество вкупно 21 екипа од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Со пријаувањето сакаме на нашите девојки да им обезбедиме поголем број на силни натпревари, што секако ќе придонесе за зголемување на квалитетот на играта, за што се пример претходните наши настапи во оваа лига кога во два наврата стигнавме до четврт финале. 10 девојки од нашите редови се репрезентативки во овогодишната репрезентација со возраст под 18 години, од кои 4 наши кошаркарки се од домашното првенство и 6 од странските кошаркарски школи, од кои 3 играат во Италија, 1 во Унгарија и 2 во Шпанија. Се надеваме дека со настапот на нашите девојчиња ќе го достигнеме досегашниот успех, па и да го надминеме, пред се затоа што се работи за талентирани кошаркарки кои скоро сите се репрезентативки за селекциите до 16 и 14 годишна возраст, секако и со поддршка од Општина Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски“, изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК „Бадел 1862“.