Женскиот фудбалски клуб Љуботен најави дека во јануари во неговите редови се приклучува втората фудбалерка од Бразил во тимот. Станува збор за Таила Гомерс Фариас, која заедно со првото бразилско засилување на Љуботен, Роналдиња, треба да пристигнат во Тетово на 21 јануари.
-Се работи за поранешна членка на Васко да Гама и доскорешна фудбалерка на Ботафого, а своевремено членка на У-17 репрезентацијата на Бразил. Таила Фариас важи за една од најперспективните бразилски фудбалерки од средниот ред со кој ЖФК „Љуботен“ добива капитално засилување во средниот ред со кој сме сигурни дека во пролетната полусезона ЖФК „Љуботен“ ќе игра ултраофанзивен фудбал, информираат од ЖФК „Љуботен“
На 11 декември „Љуботен“ од Тетово објави дека како најново засилување во клубот доаѓа Ана Беатриз Тарантино Гиљермо Салино, фудбалерка со прекар Роналдиња.
ЖФК „Љуботен“ го назначи Небојша Бреѓан од Србија за нов спортски директор, со најава дека ќе се формира европски тим, со звучни и квалитетни засилувања.