Заврши сезоната на ВИП лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски

Од:

Сезоната 2016-2017, која денеска и официјално завршува е досега најуспешна реализирана сезона на „вип“ Лизгалиштето кое се наоѓа во склоп на Спортскиот центар Борис Трајковски, информираат од раковотството на Спортскиот центар.

Менаџментот е задоволен од постигнатите резултати од изминатата сезона како и од зголемената заинтересираност на граѓаните да уживаат во овој вид зимски спорт.

– Испишавме уште една успешна сезона на “вип” лизгалиштето.
Она што највеќе радува е фактот што се поголем е бројот на деца кои изразуваат желба да партиципираат во зимските спортови што ги нуди “вип” лизгалиштето, односно да ги посетат школите за уметничко лизгање како и школата за хокеј. За мене и мојот тим, ова е дополнителен мотив и инспирација за понатамошни успеси и напредок на Спорскиот центар, изјави Златко Перински, директорот на СЦ Борис Трајковски.

Тој посочи дека изминатата сезона беа домаќини на Меѓународниот клубски натпревар во уметничко лизгање (скопје он ице) кој прв пат се одржа во Република Македонија, на кој членовите на школата по уметничко лизгање во СЦ учествуваа и освоија медали во сите категории, а учествувале и на шест други меѓународни натпревари, каде што освоија седум златни, две сребрени и шест бронзени медали.

Најави дека Спортскиот центар Борис Трајковски од денеска ги отвара вратите на четирите “вип” тениски терени.

– Во сезоната што ни претстои, очекуваме огромен интерес од страна на граѓаните за посета на “вип” тениските терени, особено очекуваме интерес од најмладите, кои имаат можност да ги искусат основите на тенисот во Школата за тенис, која работи во рамките на Спортскиот центар Борис Трајковски, рече Перински.

Би можело да ве интересира

Викендов се одржува петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“

Ана Ололовска

Лизгалиштето во Кавадарци ставено во функција

Ана Ололовска

Во Струмица е поставено лизгалиште

Ана Ололовска

Почна со работа игралиштето за хокеј и уметничко лизгање во СЦ„Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Успешен настап на македонските лизгачи во Нови Сад

Ана Ололовска

Лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ зимска атракција

Ана Ололовска