Започна Европското ватерполо првенство

Од:

Од денеска па се до 27 јули Будимпешта ќе биде домаќин на Европското ватерполо првенство во машка и женска конкуренција.

На машкиот дел од европскиот шампионат, дванаесетте најдобри селекции се поделени во две групи. Првопласираните три репрезентации ќе обезбедат пласман во нокаут фазата. Селекциите кои ќе го освојат првото место директно ќе се пласираат во полуфиналето, додека второ и трето рангираните репрезентации ќе играат во четвртфиналето.

Во групата „А„ се селекциите на: Црна Гора, Италија, Русија, Романија, Грузија и Грција.

Во „Б„ групата, покрај актуелниот европски шампион Србија се и репрезентациите на Хрватска, Германија, Франција, Шпанија и домаќинот Унгарија.

Во досега одиграните натпревари од првото коло фаворитите ги оправдаа улогите.
Романија со 11:6 ја победи Грузија, Хрватска беше подобра од Германија со 10:5, а Србија убедливо со 16:5 ја надигра Франција.

Во тек е дуелот Црна Гора – Грција, а на првиот натпреварувачки ден уште ќе играат, Италија – Русија и Шпанија – Унгарија.

На женскиот турнир кој ќе започне во среда (16 јули), ќе настапат осим селекции и тоа:

Група А: Унгарија, Велика Британија, Холандија и Грција.

Група Б: Италија, Русија, Франција и Шпанија.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство