Закажана ватерполо класика – Србија против Хрватска

Од:

Хрватската репрезентација во ватерполо ја победи Грузија со 13:7.

Хрватска со оваа победа обезбеди пласман во четвртфиналето на Мундијалот каде ќе игра против селекцијата на Србија.

Само во првата четвртина Грузијците успеаја да и парираат на Хрватска, а потоа тимот предводен од клупата на Ивица Туцак направи предност која ја одржа до крајот на натпреварот.

Најдобар во редовите на хрватската репрезентација беше Харков со четири постигнати гола. Мариниќ-Крагиќ постигна три гола, а одличен се покажа и голманот Попадиќ.

За грузиската репрезентација се истакна Душан Васиќ, ватерполист роден во Србија.

Србија поради максималниот учинок во групната фаза автоматски обезбеди пласман во четвртфиналето, додека Хрватите мораа да играат меч со Грузија бидејќи го заземаа второто место во групата.

Дуелот меѓу Хрватска и Србија се игра во среда со почеток од 21 часот во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство