Вокер: Манчестер Сити не може да се смета за вистински гигант без европска титула

Од:

На Манчестер Сити му е потребна победа во ЛШ за навистина да биде прогласен за една од европските фудбалски сили и да биде прифатена како вистински гигант, изјави дефанзивецот Кајл Вокер.

Сити има освоено четири титули во англиската Премиер лига во последните 10 години, но во моментов не успеале да се пласираат во полуфиналето на ЛШ за истиот период. Но, сезонава тимот на Пеп Гвардиола го совлада 13-кратниот победник Реал (Мадрид) во осминафиналето и се фаворити против францускиот Олимпик Лион.

– Ако ме прашавте пред две години кога потпишав овде, ќе ви кажав колку голема цел е Премиер Лигата, бидејќи никогаш не сум ја освоил. Но, сега, по две титули и голем број други трофеи, следната е Лигата на шампионите. Веројатно можам да зборувам во име на остатокот од тимот, но ние сакаме да зачекориме на тој пиедестал како Манчестер Сити, вели дефанзивецот.

Сепак, 30-годишниот англиски репрезентативец предупреди дека Лион не треба да се потценува. Французите веројатно се полни со самодоверба откако во претходното коло го елиминираа Јувентус со Кристијано Роналдо.

– Лион има многу добри играчи. Со отстранувањето на Јувентус се зголеми вревата околу нив. Мора да бидете многу добар тим, многу дисциплиниран и цврст за да го победите Јуве на два натпревари, заклучи искусниот дефанзивец.

Би можело да ве интересира

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он

(ВИДЕО) Четата на Гвардиола повторно поразена во Премиерлигата

А1он

Силва: Сето ова го заслужуваме, се однесуваме како деца!

А1он

Гвардиола: Манчестер Сити е мојот последен клуб во кариерата

А1он

(ВИДЕО) Агонијата на Гвардиола продолжува, Ливерпул го среди Сити за +11 бода на табелата во ПЛ

А1он