Во Охрид одржано Балканско првенство во бадминтон

Од:

Во салата „Билјанини извори“ во Охрид викендот се одржа Балканско првенство во бадминтон за сениори – ветерани. На ова натпреварување учествуваа 97 натпреварувачи од шест земји.

Првиот човек на македонската Бадминтон федерација Диме Стефановски се заблагодари на градот Охрид за поддршката што му ја дава на овој спорт.

– Охрид по трет пат беше домаќин на големо натпреварување во бадминтон. Ние како федерација секогаш се одлучуваме за Охрид бидејќи тука покрај спортските има и доста други атрактивни работи да се видат и посетат. Бадминтонот полека зема земав во Македонија, но ние уште работиме на квалитет, а не на квантитет, истакна Стефановски.

На овој досега најмасовен Балканскиот шампионат за сениори – ветерани учествуваа натпреварувачи од Бугарија, Турција, Србија, Хрватска, Романија и Македонија.

За најуспешните организаторот обезбеди медали специјално изготвени за оваа прилика од Македонската бадминтон федерацијата.

Најдобри беа претставниците на Бугарија, додека Македонија освои три бронзени медали.  Јадранка Чадиновска, Сашо Цветковски и Иван Стојковски беа македонските бадминтон играчи кои се искачија на пиедесталот.

Претседателот на Балканската Бадминтон Асоцијација, Пузант Казабијан во име на сите играчи и официјални лица, упати благодарност до Стефановски за одличната организација на шампионатот а воедно му врачи и Плакета за заслугите што ги дава во унапредување на овој спорт на Балканот.

Би можело да ве интересира

Живковски обезбеди учество на силен бадминтон турнир

Ана Ололовска

Две бронзени медали за македонските бадминтон репрезентативци

Ана Ололовска

Бронза за Македонскиот бадминтон тим на Балканскиот шампионат во Турција

Ана Ололовска