Виљермо победник на осмата етапа на „Тур Д‘Франс“

Од:

Французинот Алекси Виљермо е победник на осмата етапа на велосипедската трка „Тур Д‘ Франс“ што се возеше денеска од Рен до Мур де Бретањ во должина од 181,5 километар. Виљермо (27) успеа „да избега“ од групата во последните 600 метри и прв да ја мине целта. Победникот на етапата имаше време 4:20.55 часа.

Пет секунди заостанување имаше вториот Ден Мартин, а Алехандро Валверде кој заврши како трет имаше десет секунди заостанување зад победникот.

„Жолтата маица“ и водството во генералниот пласман ги задржа Британецот Крис Фрум, кој имаше исто време со третопласираниот Валверде. Фром има вкупно време 31:01.56 час, а на втората позиција е Петер Саган со 11 секунди заостанување.

Утре се вози екипниот хронометар во должина од 28 километри, а во понеделник е слободен ден.

Би можело да ве интересира

Крис Фрум го истрча последниот километар на денешната етапа

Емир Латифовиќ

Рафал Мајка победник на 11.етапа на „Тур Д‘ Франс“

Емир Латифовиќ

Фрум ја разби конкуренцијата на 10-та етапа

Емир Латифовиќ

Кавендиш ја оствари 26-та победа на „Тур Д‘ Франс“

Емир Латифовиќ

Холандската полиција ќе го блокира „Тур д’Франс“

Емир Латифовиќ