Викендов во Скопје Европско првенство во кендо

Од:

Македонија викендов е домаќин на најдобрите кендо борци од Европа кои ќе се борат за освојување на европската титула. Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ (ВИП Арена) во Скопје, под покровителство на „Пелистерка“, се одржува 27. Европско првенство во кендо, една од најпознатите древни боречки вештини со меч.

На годинашното ЕП во кендо ќе настапат над 500 натпреварувачи од 39 земји, што го прави најголемо Европско првенство досега. Боите на Македонија на ова првенство ќе ги бранат седум натпреварувачи, меѓу кои и една девојка. Натпреварите ќе ги надгледуваат 10 делегати од Европската кендо федерација, тројца официјални делегати од Јапонија, заедно со 29 судии.

Ова е прво Европско првенство во кендо,  кое се одржува во некоја балканска земја, а воедно, според бројот на земји натпреварувачи е најголем спортски настан во Македонија од осамостојувањето.

– Веќе стана нормално македонскиот репрезентативен спорт да оди рака под рака со брендот „Пелистерка“. Нашата компанија продолжува со заложбите да работиме на зајакнување на македонскиот спортски идентитет, да докажеме дека Македонија нуди врвни спортисти од сите сфери, но по кој знае кој пат и да покажеме дека можеме да бидеме одлични домаќини на спортистите од целиот свет, велат од „Пелистерка“.

Кендото влече традиција од Јапонија и датира од 9. век, но денешната форма ја добива на почетокот на 20. век. Европските и светските првенства во кендо почнаа да се организираат по 1970 година, кога е формирана Интернационалната кендо федерација. Светско првенство во кендо се организира секоја трета година, додека ЕП се одржува на секои две години.

Би можело да ве интересира

Македонија организатор на ЕП во кендо 2016

Ана Ололовска