(ВИДЕО) Украинка одби да се ракува со руска тенисерка

Од:

Елина Свитолина повторно одби да се ракува со противничка, во случајов со руската тенисерка Ана Калинскаја.

Во осминафиналето на турнирот во Доха, Русинката славеше доста лесно – 6:4, 6:3. На крајот од тој натпревар се случи она што сите го очекуваа.

Украинката одби да ѝ честита на својата соперничка за победата. Штом го загуби последниот поен, отиде да се поздрави само со судијата.

Потоа Калинскаја самата се поздрави со судијата, а потоа ја прослави победата со навивачите на трибините.

Во четвртфиналето, Калинскаја ќе игра против Каролина Мухова (Чешка), на која сонародничката Каролина Плишкова ѝ го предаде натпреварот во осминафиналето.

Неодамна, Свитолина загуби од Арина Сабаленка во полуфиналето на Австралија Опен и го направи истото. Таа одби да се поздрави.

Би можело да ве интересира

Свитолина: Ќе одам и во војна, ама финансиски покорисна сум со тенисот

А1он