Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната. Иако минатата година потпиша нов договор кој го врзува за клубот до 2027 година, шпекулациите за неговата иднина следеа цела сезона, особено поради лошите резултати на тимот по освојувањето на титулата во Премиер лигата.
Ситуацијата беше дополнително обележана со конфликтот меѓу Салах и тренерот Арне Слот, кога Египќанецот јавно изјави дека се чувствува како да е „фрлен под автобус“.
Во видео порака на социјалните мрежи, Салах го потврди своето заминување и се збогува емотивно со клубот и навивачите.
— Mohamed Salah (@MoSalah) March 24, 2026
„Здраво на сите. За жал, тој ден дојде. Ова е првиот дел од моето збогување. Ќе го напуштам Ливерпул на крајот од сезоната“, рече Салах.
Тој додаде дека никогаш не можел да замисли колку клубот, градот и луѓето ќе станат дел од неговиот живот.
„Ливерпул не е само фудбалски клуб. Тоа е страст, историја и дух што не може да се опише со зборови за оние кои не се дел од овој клуб“.
Египетскиот напаѓач пристигна на „Енфилд“ во 2017 година од Рома и одигра вкупно 435 натпревари во дресот на „црвените“, со импресивни 255 постигнати голови.
Ливерпул потврди дека е постигнат договор со Салах за завршување на неговото деветгодишно поглавје на „Енфилд“.
Mohamed Salah is to bring the curtain down on his illustrious career with Liverpool Football Club at the end of the 2025-26 season.
The time to fully celebrate his legacy and achievements will follow later in the year when he bids farewell to Anfield ❤️
— Liverpool FC (@LFC) March 24, 2026
„Салах ја изрази својата желба да го објави ова соопштение до навивачите што е можно поскоро, со цел да се обезбеди транспарентност во врска со неговата иднина, од почит и благодарност кон нив“, се вели во соопштението на клубот.
Салах го напушта Ливерпул како двократен шампион на Англија, каде што беше најдобар стрелец во дури четири наврати, освојувач на трофејот од Лигата на шампионите, како и на Светското клупско првенство, Европскиот суперкуп, ФА купот и Комјунити шилд, и три пати шампион на Лига купот.
