Драмата во финалето на Купот на кралот на Саудиска Арабија му припадна на Ал Хилал, кој по изведувањето на пенали го победи Ал Наср со 5:4. Во регуларниот дел и по продолженијата беше 1:1. Натпреварот го одбележаа фаули и црвени картони. Ал Хилал поведе со голот на Александар Митровиќ во 7. минута. Предноста на тој тим стана уште поголема кога во 56. минута голманот на Ал Наср, Давид Оспина доби црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот.
Hard to see Cristiano Ronaldo like this 💔pic.twitter.com/qtVmotQTOg
— CentreGoals. (@centregoals) May 31, 2024
И кога се чинеше дека се ќе биде готово во регуларниот дел, во 87. минута стигна црвениот картон за Ал Хилал, кој го доби Ал Булајхи. Само минута подоцна израмни Ал Наср преку Јахја. Црвените картони не завршија тука, во 90. минута беше исклучен и Кулибали, а Ал Хилал остана со девет играчи на теренот. И покрај тоа што финалето го заврши со играч помалку од противникот, Ал Хилал го освои пехарот благодарение на голманот Боно, кој одбрани два пенали во престрелката. Ал Хилал на тој начин ја комплетираше тројната круна: првенството, Суперкупот и сега Купот на Саудиска Арабија. Марсело Брозовиќ играше до 70. минута за Ал Наср.
Роналдо е одличен во Арабија. Но, суперѕвездата платена половина милијарда евра нема домашен трофеј и по година и пол
Но, сите бурни настани на натпреварот останаа во сенка на Кристијано Роналдо. Откако го постигна својот пенал во престрелката, тој повеќе не можеше да ја гледа серијата до крајот. Кога неговиот тим го загуби мечот за трофеј, почна неконтролирано да плаче. Прво на клупата, а потоа се фрли на тревата. Соиграчите, тренерите и клупските челници се обидоа да го утешат, но безуспешно.
Роналдо (39) освои се, но родениот победник и освојувач тешко се помирува со фактот дека по година и пол во Саудиска Арабија е без домашен трофеј. За клубот кој го донесе за околу половина милијарда долари оваа сезона, постигна дури 44 и постави 13 гола на 45 натпревари. Но, нема трофеј.