ВИДЕО: Македонија повторно е лидер во квалификациите за СП по убедливиот триумф над Лихтенштајн

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија со убедливи 5-0 го совлада Лихтенштајн во петтото коло од квалификациите за Светското првенство 2026 и повторно се искачи на првото место во групата Ј.

На „Тодор Проески“ избраниците на Благоја Милевски од самиот почеток наметнаа доминација. Во 15. минута Елиф Елмас со маестрална соло-акција елиминира четворица дефанзивци и со прецизен удар го отвори резултатот.

До паузата, Македонија имаше уште неколку изгледни шанси преку Елмас и Трајковски, но голманот Бухел го спречи повисокото водство.

Во вториот дел „црвено-жолтите“ ја потврдија надмоќта. Капитенот Енис Барди во 52. минута зголеми на 2-0 по асистенција на Бојан Илиевски, а само четири минути подоцна Дарко Чурлинов погоди за 3-0.

Лирим Ќамили потоа се впиша во листата на стрелците со убав погодок за 4-0, а конечниот резултат го постави Лука Станковски, кој со својот прв гол за националниот тим ја заокружи голеадата, 5-0.

Селекторот Милевски искористи прилика да направи неколку, па деби настапи запишаа Елмин Растодер и Решат Рамадани, додека шанса добија и Ќамили, Милан Ристовски и Лука Станковски.

Со оваа убедлива победа Македонија ги потврди високите амбиции и останува во борба за врвот и пласман на Мундијалот.

Би можело да ве интересира

Барди: Ова е наш дом, ветувам дека ќе оставиме срце на терен

Гоце Седлоски го очекува во македонскиот табор, ФСС го убедува да игра за Србија

А1он

Авионот со македонските репрезентативци поради технички проблеми се врати во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Турција и одржа фудбалска лекција на Македонија

А1он

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција

ВИДЕО: Пријателска пресметка на Македонија и Босна и Херцеговина на „Кошево“

Катерина Ѓуровски