Српскиот центар Никола Јокиќ забележа нов дабл-дабл учинок во победата на Денвер Нагетс над Лос Анџелес Лејкерс (127:102).
Актуелниот МВП на НБА за 36 минути на теренот постигна 34 поени (12/20 од поле) со 13 скока и осум асистенции.
Одлична партија одигра и Мајк Портер кој мечот го заврши со 24 поени и 11 скока (4/7 за три). Заедно со Јокиќ и Портер, со двоцифрен учинок натпреварот го завршија уште четворица кошаркари на Денвер. Трет кој забележа дабл-дабл беше Расел Вестбрук со 14 поени и 11 асистенции.
Кај тимот од Лос Анџелес најефикасен беше Остин Ривс со 19 поени (3/7 за 3п), Леброн Џејмс постигна 18 поени, но со лош удар од поле (7/17), додека Ентони Дејвис не блескаше, за 35 минути имаше 14 поени и десет скока.
Нагетс така се вратија на победничката патека по два последователни порази против Мемфис и Пеликанс.