Натпреварот од московската аматерска ватерполо лига заврши со жестока тепачка, а инцидентот започна така што еден тренерот на една од екипите започна вербално да ги навредува противничките играчи.
Псовките и навредите брзо се претворија во физички конфликт, а снимката сведочи дека испровоцираните ватерполисти два пати се обидоа да го погодат тренерот со топката.
https://www.facebook.com/waterpolosverige/videos/1142317025946232/?v=1142317025946232
Наместо него топката го погоди судијата, а потоа тренерот скокна во базенот и со двете нозе го удри ватерполистот во главата.