ВИДЕО: Гвардиола го напушта Манчестер Сити

Од:

Манчестер Сити и официјално потврди дека Пеп Гвардиола ќе ја напушти функцијата менаџер по завршувањето на сезоната, ставајќи крај на една од најуспешните ери во историјата на клубот.

Шпанскиот стратег си заминува од „Етихад“ по десет незаборавни години, во кои освои дури 20 трофеи. Меѓу нив се шест титули во Премиер – лигата, трофеј во Лигата на шампиони, три ФА куп титули, пет Лига куп трофеи, три „Комјунити шилд“ трофеи, како и по една титула од Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Последниот натпревар на Гвардиола на клупата на „граѓаните“ ќе биде против Астон Вила во последното коло од шампионатот.

Според најавите од Англија, како главен фаворит за негов наследник се споменува Енцо Мареска, кој во минатото беше дел од стручниот штаб на Гвардиола.

Во овој момент нема информации дека Пеп ќе преземе друг клуб, а најавите се дека би можел да направи пауза од фудбалот, слично како Јирген Клоп.

Иако имаше договор со Манчестер Сити до следното лето, уште од стартот на сезоната се шпекулираше дека ова ќе биде неговата последна година во клубот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сити го освои ФА купот – Семењо со мајсторија го реши Челси

А1он

Сити го победи Арсенал во Манчестер – се закомплицира борбата за титула во Англија

А1он

Гвардиола ја откри тајната на успехот на Манчестер Сити: Сонцето, не се шегувам!

А1он

Екс фудбалерот Самир Насри ќе плати 5,5 милиони евра – го издаде доставата на храна до неговиот стан

А1он

Бернардо Силва си оди од Сити

А1он

Гвардиола брка историја – Сити е на чекор од нов рекорд

А1он