Поранешниот српски тренер и фудбалер Синиша Михајловиќ почина во петокот по долга и тешка битка со леукемијата, а погребот е денеска во Рим, каде што пристигнаа голем број фудбалски легенди, пријатели, но и претставници од неговите поранешни клубови. Михајловиќ ќе биде погребан во Рим, по литургијата во базиликата „Света Марија, Ангел и маченик“.
Михајловиќ почина на 54-годишна возраст.
Простувањето со легендарниот српски фудбалер започна во неделата, кога колони Римјани од утрото чекаа пред римската општина Кампидољо за да му оддадат почит на Михајловиќ. Громогласен аплауз, песни и факли на церемонијата.
Базиликата „Света Богородица, ангели и маченици“ е преполна со оние кои дојдоа да му оддадат последна почит на починатиот Синиша Михајловиќ.
Погребот го предводи австриско-швајцарскиот бискуп Андреј Силерџиќ, под чија јурисдикција е и италијанската дијаспора.
L'ultimo struggente saluto a Sinisa 💔
Buon viaggio, Guerriero 😔#ASRoma #Romanewseu #mihajlovic pic.twitter.com/Y2kMKhUuRY— Romanews EU (@romanewseu) December 19, 2022
Одличен гест направи делегацијата на Лацио, клубот за кој Михајловиќ одигра 193 натпревари, постигнувајќи 33 гола, пред да дојде во Интер во 2004 година.
Tifosi di Lazio, Inter, Sampdoria con sciarpe, striscioni ai funerali di Sinisa Mihajlovic #inter #sslazio #sinisamihajlovic #localteam pic.twitter.com/5Qvgpp8zCB
— Local Team (@localteamtv) December 19, 2022
Заедно со претседателот Клаудио Лотита пристигнаа речиси сите членови на „небесно сините“ кои со себе го носеа симболот на клубот, орелот, кој беше внесен во базиликата.