(ВИДЕО) Ерупција од воодушевување во Хамбург – ХСВ се враќа во Бундеслига

Од:

Многу љубители на фудбалот го чекаа овој момент – Хамбургер се врати во најсилниот ранг на германскиот фудбал.

Седум години по елиминацијата во „Цвајта“, славниот клуб повторно е дел од елитата во која маршираше во голем стил – со победа од 6:1 против Улм пред речиси 60.000 луѓе на стадионот „Фолкспарк“.

Тимот од најголемото германско пристаниште остана на првото место, но не го обезбеди, а тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фурт.

Блиску до врвот е Келн, кому му треба бод во последните деведесет минути фудбал за математички да го обезбеди тој пласман.

Десетици илјади навивачи влегоа на теренот во Хамбург откако судијата свиреше крај на натпреварот против Улм. Забавата започна.

„Го држев брат ми во раце, плачеше. Ова многу ми значи. ХСВ можеби не играше во Бундеслигата сите овие години, но никогаш не замина”, беа првите впечатоци на тренерот на Хамбург, Мерлин Ползин.

Фантастични сцени од прослави на локални играчи и навивачи патуваат низ Европа и светот. Излезе чиста, автентична фудбалска страст и го преплави теренот со последниот свиреж на судијата.

Низ улиците на Хамбург синоќа течеа хектолитри пиво.