(ВИДЕО) Деби погодок на Серхио Рамос за мексикански Монтереј

Од:

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос го постигна својот прв гол во дресот на мексикански Монтереј во дуелот со Сантос кој го добија со 4:2 на домашен терен во 10. коло на Клаусура. Рамос го пронајде патот до мрежата во 57. минута.

При резултат 1:1, Монтереј нападна по десната страна, а Серхио Каналес одлично нафрли и го „вработи“ својот истоименик, кој со глава ја упати топката во мрежата.

За Рамос ова беше само втор натпревар во дресот на Монтереј, а веќе успеа да го постигне својот прв гол.

Со оваа победа Монтереј го зазеде деветтото место во поредокот, а сега заостанува 11 бода зад лидерот Леон.