Видал се премисли, останува во репрезентација

Од:

Чилеанскиот фудбалски репрезентативец Артуро Видал, по само еден ден ја смени својата одлука за завршување на репрезентативната кариера.

Тој, откако прво најави повлекување од националниот тим разочаран по неуспехот во Мундијалските квалификации, ноќеска објави нова порака.

– Воинот може да плаче, да чувствува страв и разочарување, но никогаш не се предава и се бори до смрт. Секогаш кога ќе ме поканат, ќе одговорам. За секој неуспех постои реванш. Сега е тешко за нас, но тоа не е крај. Не за оваа генерација и тим. Заедно ќе станеме посилни од било кога. Ние сме чилеански воини. Напред, Чиле! Се гледаме во следната битка, стои во новата порака од Видал.

Чиле вчера загуби од Бразил со 3:0 и остана без пласман на Светското фудбалско првенство во Русија 2018 година.

Би можело да ве интересира

Видал ја заврши репрезентативната кариера

Ана Ололовска

Чиле подобар од Камерун на Купот на Конфедерации

Ана Ололовска

Видал се извини и останува во репрезентацијата

Ана Ололовска

Сампаоли останува селектор на Чиле до 2018 година

Ана Ололовска