Венгер подготвен да води нов клуб

Од:

Францускиот стратег, Арсен Венгер изјави дека е подготвен да се врати на тренерската професија откако се повлече пред четири месеци од Арсенал. Тренерот исто така беше категоричен дека е далеку од откажување, но му требало време за да се „ослободи“ од неговата долга кариера во северен Лондон.

Поранешниот менаџер на „топџиите“ го водеше тимот во Лондон 22 години, но во мај се повлече од челната позиција на „Емирати“. По доделувањето на наградите на ФИФА за најдобри фудбалери за 2018-та, Венгер изјави дека е подготвен повторно да работи „под полна пареа“.

– Не, јас не сум се откажал. Ако го сторев тоа, тоа ќе беше одамна. Ќе наполнам 69 во октомври и мислам дека можам да дадам уште многу на играта. Не мислам многу за тоа во овој момент, но ми требаше да се одморам и да не носам никакви одлуки. Незнам дали можам да преземам друга улога ако не е менаџерската, изјави Венгер пред „L’Est Republicain“

Французинот ја освои три пати титулата на Англија со Арсенал и седумпати ФА Купот во периодот на чело на „топџиите“, а исто така забележа и два дубла – во 1998-та и 2002-та.

Би можело да ве интересира

ФИФА му понуди позиција на Венгер