Вечерва во Кисела Вода, бесплатно ќе може да се проследи големо женско кошаркарско дерби.
Во спортската сала „Независна Македонија“, со почеток во 19:20 часот, во рамките од 13 коло во првата лига силите на теренот ќе ги одмерат кошаркарките на „Бадел 1862“ и на „Вардар“.
ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода изминатиов период оствари одлични резултати на повеќе меѓународни и домашни натпреварувања.