Ватерполо репрезентацијата на Јапонија приреди неверојатно изненадување, ја совлада Црна Гора со 16:15 по изведување на петерци во првата рунда во А групата на завршниот турнир од Светската лига.
Натпреварот во регуларниот дел заврши 10:10. По пет серии немаше промашување на двете страни, а на крајот во трагичар се претвори Пасковиќ, а во херој Шимица, кој ја донесе најголемата победа во историјата на јапонското ватерполо.