Женската ватерполо репрезентацијата на Италија го освои бронзениот медал на Европското првенство што се одржува во Белград.
Во дуелот за 3. место Италијанките со 10:9 ја победија селекцијата на Шпанија и се закитија со бронзата.
Која репрезентација ќе го освои златото ќе биде познато по финалниот меч во кој за шампионскиот трофеј ќе се борат ватерполистките на Холандија и Унгарија.
Во натпреварите за пласман:
за 5. место Грција – Русија 13-12 (на пенали 4-3)
за 7. место Франција – Германија 13-9
за 9. место Србија – Португалија 9-6
за 11. место Хрватска – Турција 12-4
Европското ватерполо првенство завршува утре со распределбата на медали во машка конкуренција.
Од 16 часот и 15 минути Грција – Унгарија ќе играат за 3. место, додека финалето меѓу Србија – Црна Гора ќе започне од 17 часот и 45 минути.