Ватерполо репрезентацијата на Србија ја продолжи доминацијата во Светската лига.
Србите во финалето на ова натпревраување кое се одржа во грускиот град Рузи во неизвесен меч ја совладаа селекцијата на Италија минимално со 10-9.
Првиот период го добија Италијансците со 1-4, а Србија во вториот со 2-0. Во третиот беа постигнати најмногу голови, а им припадна на Србите со 5-2. Сепак „аѕурите“ не се предадоа па во финишот на мечот имаа и нерешен резултат 9-9, но Душко Пјетловиќ во 30 минута го постигна победничкиот гол за Србија за конечни 10-9.
За Србија ова е единаесетто злато во Светската лига, петто во низа.
Претходно, во мечот за третото место поуспешна беше Хрватска која славеше над САД со 10-4.