Ракометарките на Вардар со пораз го започнаа настапот во новоформираната Регионална лига, откако загубија од Будуќност со 30-29.
Подгорица е домаќин на првиот турнир, а покрај Вардар и Будуќност дел од ова регионално натпреварување се уште: Подравка и Крим Меркатор.
Вардар средбата ја одигра во состав: Радичевиќ 2, Кликовац, Херем 2, Мавсар 2, Дамњановиќ 3, Лејно, Лазовиќ 4, Алтхаус, Илина, Пенезиќ 6, Човиќ 4, Лакрабер, Хмирова 2, Лекиќ 3, Песоа, Ристовска 1.
На првиот натпревар од овој турнир Подравка со 30-21 го победи Крим Меркатор.