Ракометарките на ЖРК Вардар по вчерашниот дебакл и убедливиот пораз од Букурешт со 27-21 во полуфиналето на Лигата на шампионките, попладнево ќе играат за 3.место во елитното натпреварување.
Трета сезона во низа македонските шампионки на завршницата на Лигата на шампионките односно Фајнал-фор турнирот во Будимпешта, ќе играат во утешното „мало финале“ однсоно натпреварот за 3.место.
Во дуелот за бронзениот медал, црвено-црните попладно од 15 часот и 15 минути за протривник ќе ја имаат црногорската екипа Будуќност, сеуште актуелен европски првак, тим кој вчера во полуфиналето загуби од унгарски Ѓер.
Финалниот натпревар по кој ќе биде познат наследникот на Будуќност, меѓу Ѓер и Букурешт ќе започне од 17 часот и 45 минути.