Вардар против Турингер за задржување на максималниот ефект

Од:

ЖРК Вардар в петок е домаќин на Турингер во последниот дуел од првата групна фаза во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ на досегашните пет средби имаат исто толку победи и сакаат со триумф да го потврдат првото место во Д-групата, воедно да пренесат 8 бода во следната фаза од елитното натпреварувањето.

Тренерот на македонскиот шампион Ирина Дибирова очекува максимална борбеност од нејзините ракометарки и освојување на бодовите.

– Ова е последен меч во групната фаза и е особено важен за нас. Потребни ни се овие бодови за да можеме да пренесеме повеќе бодови во следната фаза. Имаат добра екипа, иако ги победивме со осум гола разлика. Тоа сега нема ништо да значи. И тие ќе се борат за бодовите бидејќи и нив им е важно да освојат бодови. Ќе се бориме сите 60 минути и верувам ќе ги израдуваме навивачите, изјави Дибирова на денешната прес-конференција.

Капитенот Јованка Радичевиќ ги повика навивачи да дојдат во СЦ „Јане Сандански“ во што поголем број и да ги бодрат вардарки во обидот да се совлада германскиот тим.

– Заслуживме салата да биде полна, а ние ќе возвратиме со добра партија на терен и победа, рече Радичевиќ.

Вардар на овој меч ќе настапи без Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска кои се повредени.

Натпреварот Вардар – Турингер се игра в петок (17 ноември) со почеток од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа

Ана Ололовска

Уште еден „цепелин“ на Лакрабер и Лекиќ во ТОП 5 голови во ЛШ

Ана Ололовска

Познати сите учесниците на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта

Ана Ололовска

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Ана Ололовска