Европскиот ракометен шампион Вардар попладнево во полуфиналето ќе ги одмери силите со Барселона во рамките на Супер Глоуб турнирот што се смета како неофицијално светско клупско првенство, а се игра во Доха, Катар. Ова воедно ќе биде прв натпревар на двата тима по полуфиналето во Келн од Лигата на шампионите кое Вардар успеа да го добие со 26:25. Почетокот на натпреварот е во 16 часот по македонско време.
Во второто полуфинале (почеток 18 часот) ќе играат домаќинот на турнирот Ал Сад од Катар и германската екипа Берлин, која ја брани титулата.
Како предигра на полуфиналните дуели се натпреварите за пласман од 5-8.место: Нафт Гашаран – Есперансе и Сиднеј – Пињеирос.