Успешен старт на сезоната во женските младински лиги за кошаркарките од Крива Паланка

Од:

Младите кошаркарки од КК Крива Паланка од лигата за девојчиња до 16 години денес остварија победа против екипата на ЖКК Арена тим, Штип. Со денешниот натпревар КК Крива Паланка официјално ја стартуваа сезоната 2020/21 од младинските лиги во оваа конкуренција при Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија.

– Во составот на денешниот меч настапија девојчиња родени 2005 и 2006 година, кошаркарки кои долг период се во тренажен процес, дел од нив настапуваат и во повисоките лиги,а дел и во сениорскиот тим. Задоволни сме од нашата игра, им дадовме можност во поголемиот дел од натпреварот на помладите, но би сакал да им честитам за добрата игра и на перспективните кошаркарки од штипскиот состав, кои се релативно млад клуб,но ветуваат многу според она што го прикажаа на теренот, изјави тренерот на КК Крива Паланка, Ведран Белешковски.

Натпреварот заврши со резултат 83 наспрема 47 во корист на домаќинот.

Целта, рече, е, повисока од резултатите, а тоа е да се промовира кошарката во државата и истовремено да се подигне на што повисоко ниво.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска