Унгарски Солнок европски шампион во ватерполо

Од:

Унгарската екипа Солнок е новиот европски првак во ватерполо откако попладнево во финалето од Лигата на шампионите го совлада ланскиот шампион Југ од Хрватска со 10:5 (1:2; 5:2; 2:1 и 2:0).

Ова за Солнок е прва титула европски шампион, а ја искористи предноста што завршниот турнир се играше во „Дуна Арена“ во Будимпешта.

Најдобар поединец на финалниот натпревар беше голманот на Солнок Виктор Наѓ, кој имаше 13 одбрани, а по три голови кај победникот постигнаа: Андрија Прлаиновиќ и Милан Алексиќ.

Во дуелот за третото место италијанската екипа Про Реко го совлада унгарски Егер со 15:6, додека петото место им припадна на ватерполистите на италијанскиот тим Бреша, кои со 8:5 го совладаа грчки Олимпијакос.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство