Ватерполистите на Унгарија по третпат станаа светски прваци откако во финалето вечерва во Барселона ја совладаа Црна Гора со 8:7 (2:0; 1:2; 3:3 и 2:2).
Решавачка за победата беше првата четвртина и воведните минути од втората кога Унгарија имаше водство од 3:0.
Црна Гора успеваше да изедначи на 3:3, 4:4, 6:6 и на 7:7, но ниту еднаш не успеа да поведе.
За Унгарија ова е трето злато од светските првенства, аа првите две ги освоија во Белград (1973 година) и во Барселона (2003).
Црна Гора го освои првиот медал од светските првенства.
Најефикасен на натпреварот беше Александар Ивовиќ од Црна Гора кој постигна три голови и со вкупно 20 со Сандро Сукно од Хрватска се најдобри стрелци.