Репрезентацијата на Унгарија синоќа ја победи Хрватска со 8:5 и се избори за полуфинале на Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград, Србија.
На првиот вчерашен дуел пласман меѓу четирите најдобри обезбеди Црна Гора по триумфот над Италија со 10:7.
Според тоа во полуфиналните дуели ќе играат:
Србија – Грција (вечер 20:15 часот) и
Црна Гора – Унгарија (утревечер 20:15 часот).
На женскиот дел од шампионатот денеска на програмата се натпреварите од четврфиналната фаза:
Италија – Грција (12 часот),
Холандија – Германија (13:30),
Унгарија – Франција (15:45) и
Русија – Шпанија (17:15).