Македонската женска кошаркарска репрезентација попладнево на Европското првенство – Б дивизија за кошаркарки до 20 години, убедливо загуби од Чешка со 65:49 (18:16; 13:11; 22:17 и 12:15).
Избраничките на Александар Домлевски добро се држеа во првото полувреме, но третата четвртина ја загубија со 15 поени разлика што беше пресудно за високиот триумф на чешките репрезентативки.
За чешка ова беше шеста победа во седмиот настап, а Македонија по третпат е поразена во шесте средби на првенството во Бугарија.
По овој резултат македонските кошаркарки речиси ги загубија шансите за освојување на едно од првите три кои обезбедуваат учество во повисок ранг натпреварување.
На првиот денешен дуел Израел ја победи Велика Британија со 49:43.
Вечерва играат Потугалија – Летонија и Белгија – Романија.
Слободна во ова коло е Бугарија.
Табела:
1. Чешка 6-1, (победи-порази),
2. Белгија 5-0
3. Португалија 4-1,
4. Летонија 3-2
5. Бугарија 3-3,
6. Македонија 3-3,
7. Израел 2-5,
8. Романија 0-5,
9. Велика Британија 0-6.