Уапсен грузискиот тенисер Басилашвили

Од:

Грузискиот тенисер Николоз Басилашвили беше ослободен со кауција од судот за 100.000 грузиски лири (над 31.000 американски долари). 27-тиот на светската АТП листа беше уапсен пред неколку дена и беше обвинет за напад на неговата поранешна сопруга.

Обвинителството објави дека тенисерот ќе се појави на суд на 16 јули. Самиот Басилашвили негира дека направил нешто лошо.

Басилашвили беше приведен под обвинение дека ја претепал својата поранешна сопруга во присуство на нивното дете во Тбилиси.

За ваков прекршок, тенисерот може да биде осуден на општокорисна работа од 200 до 400 часа или затвор од 1 до 3 години.

Би можело да ве интересира

Басилашвили го изненади Дел Потро за титулата во Пекинг