Турција ја „згази“ Грција во полуфинале на Евробаскет

Од:

Соседското дерби во полуфиналето на Евробаскетот 2025 помина во апсолутна доминација на Турција. Пулените на Ергин Атаман ја згазија четата на Спанулис со високи 26 поени разлика – на крајот од второто полуфинале на семафорот стоеше 94:68 во корист на Турците.

Уште во првата четвртина Турција покажа заби со Грците, го доби периодот со резултат 26:16.

На полувреме веќе беше плус 18 за Турција. Предводници беа тројца кошаркари – Османи, Шенѓун и охриѓанецот Џеди Осман.

Иста приказна и во вториот дел, Турците незапирливи, па на крајот на третиот период веќе имаа недостижни +21.

Последната четвртина рутинирано им припадна на новите финалисти кои во недела имаат битка за златото со селекцијата на Германија.

Во победничкиот состав Ерџан Османи постигна 28 поени со 6 скока и 2 асистенции. Го следеше Осман со 17 поени, 3 скока и 3 асистенции, а Шенѓун мечот го заврши со дабл-дабл учинок, 15 поени и 12 скока.

Кај поразената селекција Слукас постигна 15 поени, а Јанис Адетокумбо мечот го заврши со за него скромни 12 поени.

Би можело да ве интересира

Германија е прв финалист на Евробаскетот

А1он

За пласман во четврт-финале грузиските кошаркари ќе поделат 948.000 евра

А1он

ВИДЕО: Дончиќ шоу на Еуробаскет, со 42 поени против Италија ги одведе Словенците во четвртфинале

И Грузија направи сензација и ја елиминираше Франција во осминафиналето на Евробаскет 2025

Драма пред кошаркарскиот натпревар Србија – Финска, дојава за бомба, вонредна состојба и блокада на салата

А1он

(ВИДЕО) Босанскиот коментарот Един Авдиќ во наплив на емоции по пласманот на БиХ во нокаут фаза на Евробаскет

А1он