Триумф за крај на евроквалификациите за младата фудбалска репрезентација

Од:

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година со победд над Црна Гора од 2:1 ги заврши квалификациите за палсман на Европското првнество во 2021 година. Со оваа победа, составот на Благоја Милевски стигна до 18 бода и го потврди второто место во групата од која Шпанија го освои првото место и обезбеди пласман на континенталниот шампионат.

Поради промената на системот кој го направи УЕФА а за кој прчина е пандемијата од коронавирусот, нашите фудбалери нема да бидат во можност да играат бараж за палсман на ЕП.

Стрелци на головите на дуелот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ беа Марко Ѓорѓиевски во 13. минута и Бојан Миовски од пенал во 77. минута. За гостите Марко Крстовиќ во 86. минута.

Би можело да ве интересира

Младите фудбалери загубија од Казахстан на стартот на „Анталија купот“

Жарко Настоски