Кошаркарките на Бадел 1862 и Вардар вечерва ќе го играат третиот натпревар во финалето на домашното македонско првенство.
Двете екипи ќе се пресметаат во дуел кој може да го одлучи шампионот на Република Македонија за сезоната 2016/2017 година земајќи го предвид фактот дека домаќинот на овој натпревар има водство од 2-0 (68-45 и 45-78) и само една победа го дели од четвртата во низа титула во домашното првенство.
Натпреварот ќе се игран вечерва во салата „Независна Македонија“, а од таборот на „Баделки“ најавуваат дека истиот ќе биде и од хуманитарен карактер
Домаќинот најави иако влезот на натпреварот е бесплатен, ЖКК Бадел 1862 ќе постави кутија за собирање на донации за операцијата на Александра Спасова, која се бори со тумор на хипофизата.
За операцијата на Александра која треба да се изведе во Германија, потребни се 19.000 евра – средства кои таа самата не може да ги собере, па затоа „Баделки“ ги повикуваат сите вљубеници во кошарката вечерва да дојдат на натпреварот и да донираат за да и се помогне на Александра.
Мечот меѓу Бадел 1862 и Вардар ќе започне од 20 часот.