Трент е само почеток, Реал тргна по шпанскиот бисер од 50.000.000 евра

Од:

Веста на денот во Мадрид денеска беше дека Трент Александер-Арнолд се сели во Реал, а денеска пристигна уште една бомба.

Наводно, Реал Мадрид тргнал во офанзива за да го добие новопечениот шпански репрезентативец, вреден 50 милиони евра. Во прашање – Дин Хајсен, 19-годишен стопер на Борнмаут.

Извори од Мадрид откриваат дека скаутите на Реал Мадрид го следат Хајсен со месеци, дека го препорачале на раководството, но дека првичниот план бил да му дозволат да се развива и да се пресели за него во 2026 година.

Сепак, неговиот пробив оваа сезона, откако минатото лето пристигна од Јувентус за само 15 милиони евра, го натера Реал да започне со трансфер процес.

Неговата откупна клаузула е одредена на 50 милиони евра и Реал се плаши дека многу клубови би можеле да го престигнат доколку не тргнат по неговиот потпис на лето.

Инаку, Хајсен е фан на Реал Мадрид, во последните интервјуа најмногу зборуваше за Серхио Рамос како свој идол.

Масло на огнот долеа неговиот татко, кој на својот Инстаграм ја сподели насловната страница на весникот Ас, кој потврди дека Реал го сака Хајсен.

Се чини дека ова нема да го пропушти Реал, а младиот Шпанец нема да слуша други понуди доколку на масата има некоја од неговиот омилен клуб.

Интересно е што Хајсен е роден во Амстердам и настапувал за У-19 репрезентацијата на таа земја, но подоцна се пресели во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Реал го бојкотира куп финалето со Барса

А1он

Судијата кој ќе суди куп финале Барселона – Реал Мадрид се расплака на прес-конференција

А1он

Анчелоти за неговата иднина во Реал: Сè е можно во фудбалот, ми се допаѓа оваа работа

А1он

Саки: Реал донесе напаѓач кој требаше да биде феномен, но тој тоа не е

А1он

На Анчелоти му пресуди елиминацијата од Арсенал, ја напушта клупата на „кралевите“?

А1он

Килијан Мбапе доби суспензија од еден натпревар поради црвен картон против Алавес