„Топчиите“ ја отворија сезоната со победа кај Кристал палас

Од:

„Обновениот“ Арсенал стигна до 2:0 победа на гости кај Кристал палас во првиот меч од новата сезона во Премиерлигата, покажувајќи дека амбициите на тимот на Микел Артета се големи.

По првичната иницијатива на гостите, Габриел Мартинели во 20. минута ги донесе Арсенал во водство по асистенција на новото засилување Олександер Зинченко, а Арсенал имаа и одлична шанса преку Мартин Одегард, кој се реши да асистира наместо да шутира на голот.

Палас полека ја вратија рамнотежата во играта, и пропуштија неколку убави шанси, пред во 85. минута, Марк Гуехи да си постигне автогол за да ја запечати судбината на тимот под водство на поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виера.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Кристал Палас се вклучи во трката за Јовиќ

Наум Локоски