Индиецот Гукеш Домараџу е новиот светски шампион во шах, откако во последниот 14-ти натпревар од неверојатен меч со црните фигури го совлада Кинезот Динг Лирен и на крајот ја освои титулата со вкупни 7,5 : 6,5.
Домараџу има 18 години и сега го надмина Русинот Гари Каспаров кој имаше 22 години кога ја освои титулата светски шампион во шах.
Иако одлично се бореше и успеа да се врати од безизлезната ситуација, со победата во 12. партија Динг Лирен на нереален начин ја загуби светската титула.
Ако добиеше нерешено, мечот ќе одеше во побрзи формати, прво „рапид“, а потоа можеби „блиц“ шах, каде Кинезот ќе беше фаворит.
– Сонував за овој момент последните 10 години. Среќен сум што го остварив мојот сон – рече Домараџу по натпреварот.
Тој е вториот Индиец кој ја освоил светската титула, по петкратниот светски шампион Вишванатан Ананд.