Еден тим од година во година руши рекорди по бројот на учесници на Виз Ер Скопскиот маратон. И годинава тимот на ИТ-компанијата Сеавус оддалеку се познаваше по препознатливите зелени дресови со вкупно 204 трчачи на трките од 5км, штафетен маратон и полумаратон.
Покрај навистина јаката конкуренција за штафетен маратон, машкиот тим составен од Бојан, Васил, Кристијан и Стојанчо го освоија високото трето место. Но, ова не е прва награда за учесниците во штафетниот тим. Васил е минатогодишниот Iron Man, Стојанчо учествуваше во минатогодишната Business run трка, Кристијан има освоено прво место во машката категорија Business run, а Бојан е страстен велосипедист кој уште истиот ден по исртчување на штафетата учествуваше на велосипедска трка Државно ридско првенство на Македонија.
Овој тимски дух се негува веќе години наназад во Сеавус, преку промовирање на work-life баланс. Компанијата за своите вработени постојано се труди да обезбеди услови и грижа за психо-физичкото здравје. Па така, покрај заеднички тренинзи и подготовки за Виз Ер Скопскиот маратон, вработените имаат на располагање и опремен спортски центар, соба за релаксирање, масажи пред и по маратонот, како и часови по јога, пилатес и фитнес неколку пати неделно.
Целта е да промовираме здрав и квалитетен начин на живеење за време на, но и вон работните часови. Секако, овие вредности ги промовираме во сите наши канцеларии. Што се однесува до трчањето, нашите колеги учествуваат и на маратоните во Белград, Стокхолм, Ниш, Нови Сад, Тирана, Минск и Брест. Следен предизвик во Македонија ни е Охрид Трчат, ни изјавија од компанијата Сеавус.